Categories
Сцена & Муабети

Уште еден „Индијана Џонс“

Иако мислењата на фановите во врска со последниот „Индијана Џонс“ беа поделени сепак се слушаат гласини за уште едно продолжение.

Иако мислењата на фановите во врска со последниот „Индијана Џонс“ беа поделени, сепак се слушаат гласини за уште едно продолжение.

Мислењата на фановите во врска со последниот филм за храбриот археолог „Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“ беа поделени, режисерот на филмот Стивен Спилберг, воопшто не беше воодушевен. На славиниот режисер му недостигал  ентузијазам и цело време бил убедуван и мотивиран од неговиот пријател, продуцентот на филмот Џорџ Лукас само да го заврши проектот.

После премиерата на филмот, Спилберг бил убеден дека треба да сними уште едно продолжение, но двојбата настанала во врска со сценариото. Имено Спилберг сакал приказната повторно да ја врати во минатото, додека Лукас сакал да ја одведе во иднината. На крај дошло до една зедничка идеја на која сеуште заедно работат.
На крај останува фактот, дека петтото продолжение за авантурите на Индиана е сеуште во игра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *