Линда Ворден е успешна 48 годишна деловна жена од Лидс, сопственичка на агенција за организирање на разни свечености, мајка на три деца и живее во луксузна куќа.

Сето ова не би било ништо невообичаено, ако не се знае дека таа научила да чита и да пишува само пред три месеци!

Тоа сoпка не и претставувалa пречка во последните 30 години да работи на неколку работни места и да биде многу успешна за на крајот да основа и своја фирма, која од почетокот работи многу успешно.

И цело време Линда ја криела својата тајна, не откривајќи ја дури ни на сопругот, од кого се развела пред неколку години.

“Цел живот бев многу повлечена и немав самодоверба. Постојано внимавав некој да не ја открие мојата тајна“, вели Линда.И покрај тоа, таа била најдобра работничка секаде каде што работела.

“Кога требаше нешто да напишам, велев дека имам ужасен ракопис и го препуштав тоа на секретарките, а кога ќе ме прашаа нешто да прочитам, се извлекував дека тоа ми е здодевно. Кога ќе ме унапредеа на работно место каде што морав да читам и пишувам, веднаш давав отказ“, раскажува Линда.

Кога ја формирала својата фирма и почнала добро да работи, се охрабрила да признае дека е неписмена и отишла на курс за да научи да чита и пишува.

“Конечно можам да здивнам и ми се чини дека дури сега почнувам да живеам“, вели таа.
 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: