Categories
Сцена & Муабети

Улогата на парите во Холивуд

Од секогаш се знаело дека единствена работа која го движи светот, а и филмската индустрија во Холивуд се парите. Порано филмските студија сами ги финансираа филмските проекти. Но, со зголемувањето на продукцијата и трошоците за маркетинг, тие почнаа да бараат партнери и финансиери со цел да се намали финансискиот ризик. На пример големото студио „Парамаунт“ склучи додовор со „Дојче Банк“ во висина од 450 милиони долари, што значи дека 25% од секој филм ќе биде финансиран со нивни пари или 30 милиони долари за секој филм. Оваа сурова реалност како ладен ветер продува низ Холивуд.

Причина за ова се се помалите финансиски ресурси со кои располагаат филмските студиа, иако големите блокбастери сеуште добро минуваат на боксофисот. Со ова се зголемува и притисокот врз студиата при продуцирањето на високобуџетните филмови, но од дрга страна значи дека гледачите ќе може да уживаат во се поголем број на филмски продолженија на големите филмски хитови.

Помалите филмски студија како што е на пример „Мирамакс“студиото склучуваат финансиски зделки со големите телевизиски мрежи како што е примерот со „Шоутајм“ телевизиската мрежа.
И финансиски Холивуд не е она што беше. Од странски капитал па се до влегувањето на капиталот на големите телевизиски куќи. Се си има своја цена па така и правењето на квалитетни филмови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *