Categories
Сцена & Муабети

Турнејата на Мадона не е еколошки оправдана

За време на својата најнова турнеја, Мадона ќе ја загади планетава со повеќе од 1,5 тони јаглерод диоксид, само од преместувањето на опремата.

За време на својата најнова турнеја, МАдона ќе ја загади планетава со повеќе од 1,5 тони јаглерод диоксид, само од преместувањето на опремата. Иако во многу наврати поп кралицата повикуваше своите обожаватели да ја чуваат земјата сепак, само од нејзиниот приватен авион ќе се ослободат 95 тони на штетен јаглероден водород. Еколошките стручњаци истакнуваат дека ова е премногу дури и за поп кралицата.

Минатата година, Мадона беше главната ѕвезда на „Live Earth“ фестивалот на кој заедно со останатите музичари се обиде да предупреди колку е важно да проработи еколошката свест и да се чува средината од индивидуален аспект. Таа на концертот изјави дека често разговара со мајката Земја и ги натера своите фанови да скокаат во место со цел да ја почувствуваат земјата како дише, а нејзиниот портпарол изјави дека ова е само еден од чекорите кои пеачката ги презема за да даде придонес за зачувување на мајката Земја.

„Мадона и нејзиното семејство се свесни за катастрофата која и се заканува на нашата планета и никогаш не би направиле нешто свесно, што може да и наштети“, истакна портпаролката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *