Редовното трчање може да го успори процесот на стареење на организмот, сугерира истражувањето на американските научници од универзитетот Станфорд.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека луѓето на постара возраст, кои се занимавале со џогинг имаат два пати помал ризик за смрт од болести на срцето, рак, невролошки болести, инфекции и низа други болести.

Податоците собрани од 500 испитаници во период од 20 години сугерираат дека оние кои трчаат имаат општо значително помалку маргинални потешкотии со здравјето.

Покрај тоа, кај овие испитаници намалувањето на виталноста во просек настапува 16 години подоцна отколку кај останатите нивни врсници.

Позитивниот ефект од редовната физичка активност бил очигледен и во деветото десетлетие од животот на испитаниците, додаваат научниците.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: