Categories
Сцена & Муабети

Тоалети за трансексуалци

Од неодамна уште еден знак, на кој се наоѓаат и машки и женски лик, се наоѓа на тоалетите во едно средно училиште во Тајван. Од неодамна уште еден знак, на кој се наоѓаат и машки и женски лик, се наоѓа на тоалетите во едно средно училиште во Тајван. Причина? Дури 10 до 20 проценти од момчињата во тоа училиште се сметаат за трансексуалци.

Покрај вообичаените машки и женски тоалети, во училиштето постојат и тоалети за момчињата кои се чувствуваат како девојчиња.

“Момчињата трансексуалци, нивните врсници ги задеваа кога ги користеа машките тоалети. Поради тоа почнаа да ги користат женските, но тогаш девојчињата почнаа да се жалат. Незадоволството на овие момчиња почна да влијае и врз нивната работа во училиште“, – објаснува директорот на училиштето.

Тој вели дека во своите 35 години работа во просвета сретнал многу момчиња трансексуалци и тврди дека голем број од нив сакаат и имаат намера подоцна да го сменат полот.

Тајланд е познат по високата толеранција кон трансексуалците, а операциите за промена на полот е вообичаена и многу честа во оваа земја, поради што и не е скапа.

Пациенти од цел свет доаѓаат во Тајланд за да го сменат полот.

Но, и покрај високата толеранција, трансексуалците се жалат дека се жртви на дискриминација при вработувањето, бидејќи лесно можат да се вработат само во областите стереотипни резервирани за нив, како што е индустријата за забава, модата и убавината. Исто така, се жалат дека се уште не им е дозволена промена на полот во официјалните документи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *