the Joshua Tree – U2

 

 

 

Наслов: the Joshua Tree
Изведувач: U2
Датум на издавање: 09. Март 1987 год.
Издавачка куќа: Island Records
Времетраење: 50:11

 

Самото име “the Joshua Tree” има своја одлика и за Америка. Пријателството со Боб Дилан, Ван Морисон и Кеит Ричардс му дава храброст на бендот да се врати назад на корените на рок музиката, што го поттикнува Боно Вокс кон фокусирање и остварување на неговиот талент како композитор и текстописец. Албумот директно дебитира на местото број еден на листата на албуми во Велика Британија, а исто така брзо го достигнува врвот и во САД. Често е вбројуван како еден од најдобрите во рок историјата. На групата Тhe Joshua Tree и носи ново ниво на мега-популарност. 1988 е година кога албумот ги носи првите две Греми награди за Ирската U2: „Албум на годината“ и „Најдобра рок изведба на дуо или група“. Магазинот Ролинг Стоун, албумот го сврстува на трето место на листата на најдобрите 100 на осумдесеттите.

„Дивата убавина, културното богатство, духовното патување и бруталното насилство на Америка е откриено, за да ни го долови ефектот на дрвото Џошуа; во насловот, на сликата на обвивката, во блузот и кантри музиката позајмени за да добиеме една јасна слика… Навистина, вели Боно „да се претстави митологијата на Америка“ е важен дел на the Joshua Tree и неговото уметничко созревање.“
Rolling Stone

Тhe Joshua Tree е продуциран од Брајан Ино и Дениел Леноа.
Продадени се повеќе од 20 милиони копии од албумот, што му го дава приматот најпродаван албум на групата.

Синглови:
1. With or Withouth You

2. I Still Haven’t Found Wath I’m Looking For

3. Where the Streets Have No Name

4. In God’s Country

На 20. Ноември 2007 година албумот е реиздаден под наслов: 20th Anniversary Editions of The Joshua Tree, кој покрај оригиналните 11 песни содржи и бонус од 14 песни ставени на Б-страната на сингл изданијата и снимки кои до тогаш не се објавени, а се направени за време на снимањето на албумот the Joshua Tree.

За the Joshua Tree заслугите ги имаат:
Bono Vox – вокал, гитара, армоника
The Edge – гитара, придружни вокали, клавијатури
Adam Clayton – бас гитара
Larry Mullen Jr. – тапани, удиралки

Brian Eno – клавијатури, придружни вокали, продукција
Daniel Lanois – ритам гитара, мандолина, придружни вокали, продукција

На Вас останува само да притиснете PLAY и … да слушате гласно!

{auto displayheight=”0″ height=”180″ width=”320″ plthumbs=”true” shuffle=”false” repeat=”list” pbgcolor=”#000000″ pfgcolor=”#cccccc”, phicolor=”#990000″ showstop=”true”}the_joshua_tree.xml{/auto}

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: