Четвртото продолжение на „Терминатор“ ќе можеме да го видиме дури идната година на лето, но учесниците на фестивалот Комик-Кон можеа да го видат неделава. Имаше наговестување за некои моменти и тоа дека е можно да се врати Арнолд Шварценегер, како и моделот Т-800 на терминаторот. Според режисетор М-Си-Џеј од голема помош му бил режисерот на првите две продолженија Џејмс Камерун како и експертот за специјални ефекти Стен Винстон кој почина ова лето, а се појавува во камео улога во ова најново продолжение.

Дејствието на овој најнов филм за Терминаторот е сместено во 2018 година во постапокалиптичниот свет и ќе претставува слика на тоа каков би можел да биде светот после евентуален нуклеарен холокауст. Во центарот на приказната ќе биде ликот на Џон Конор и неговата борба против немилосрдните машини. Премиерата на филмот е закажана за Мај 2009 година.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: