Categories
Сцена & Муабети

Во пресрет на светската турнеја Тина Тарнер ќе издаде албум со најголемите хитови

Музичката икона Тина Тарнер (68) во септември ќе објави компилација со нејзините најголеми хитови, заедно со две досега необјавени песни.

Музичката икона Тина Тарнер (68) во септември ќе објави компилација со нејзините најголеми хитови, заедно со две досега необјавени песни.

Албумот симболично насловен „Тина“ ќе се појави во продажба истиот ден кога славната пејачка ќе тргне на голема светска турнеја.

На компилацијата ќе се најдат 18 песни, од кои две се нови, а четири ќе бидат снимени во живо од нејзините концерти од 1986 до 2000 година.
Во новата турнеја Тарнер планира да обиколи девет земји.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *