Categories
Сцена & Муабети

Завршила на суд поради пуштање вода во WC-то

Една жена во Велика Британија завршила на суд, бидејќи нејзиниот сосед се жалел дека кога го употребува тоалетот, пушта вода неверојатни два пати и дека тоа многу го нервира. Работата да биде уште поинтересна, судот во тоа не видел ништо спорно за подигање обвинение.

Госпоѓата Минвен Џонс од декември лани се натега по судовите затоа што има обичај да пушти вода два пати, откако ќе ја изврши нуждата.

Таа навика толку многу го излудела нејзиниот сосед, кој поради лошата изолација можел да ја слушне преку ѕидот, што ја пријавил на суд.

Госпоѓата Џонс вели дека веројатно можат да ја слушнат и кога пегла, бидејќи зградата е многу лошо направена, но судијата заклучил дека пуштањето вода можеби не е пречка, но ако се повторува и ако тоа се прави до доцните часови, тогаш дефинитивно станува проблем.

Засега Џонс ja чека одлуката на судот, кој пак, треба да најде решение меѓу правото на употреба на сопствениот тоалет и соседовата толеранција на буката.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *