Субвенции за претпријатија во сопственост и управувани од жени

Согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2016 година, Министерството за економија објави Јавен повик за Субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени преку кофинансирање до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари.

logo

zeni biznisЗа трошоци во оваа програма се сметаат трошоците за Набавка на опрема и алат; Уредување и подобрување на деловниот простор; Грижа за чување на деца од предшколска возраст за жени кои отпочнуваат соствен бизнис, но не повеќе од 30.000 денари.

Право на учество на Јавниот повик имаат претпријатија управувани од жени кои не добиле буџетски средства од проектите во 2014 и 2015 година; Препријатија кои се во сопственост на жени најмалку 50% и управувани од жени државјани на Република Македонија; имаат минимум двајца вработени на неопределено работно време; имаат деловно седиште во Република Македонија и ги имаат подмирено сите обврски кон државата.

Овие субвенции не се наменети за препријатија чија основна дејност е трговија, примарно земјоделско производство и рибарство, образование, наука и туризам; за правни и физички лица кои вршат дејност од областа на здравството, адвокатурата, нотаријат, како и извршители, стечајни управници, проценители и слично. Исто така овие субвенции не се однесуваат на претпријатија над кои е покрената стечајна постапка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top