Categories
Сцена & Муабети

Што се енергетските пијалоци

Иако се пијат ладни тие се жешки призводи на пазарот со бројка од 477 милиони продадени низ целиот свет.

Иако самото нивно имe звучи примамливо, сепак тие се беден пијалок во однос на нивниот состав. Тој ист сувопарен состав е причината поради која децата или бремените жени не би требало да ги конзумираат. Овие пијалоци можат да бидат штетни за здравјето доколку се мешаат со алкохол. Обично на нивните декларации никогаш не е наведено количеството на Кофеин што го содржат па, поради тоа треба да бидеме екстра внимателни. Количеството на Кофеин во нив може да варира и да се движи од 50 милиграми до 145. За споредба само една шоља кафе содржи околу 100 милиграми Кофеин, а 2 децилитри Кока-Кола содржат околу 80 милиграми Кофеин. Внесување на 300 милиграми Kофеин е во ред за возрасен човек. Но, кога знаеме дека една лименка од енергетските пијалоци содржи до 200 милиграми Коефин и 200 калории, замислете само што се случува со вашиот организам после испиени две или три лименки.

Иако голем број од нив се слатки има и онакви кои се со горчлив вкус. А, да не зборуваме за количеството на стимуланси како Гуараната и Гинсенгот кои во комбинација со Кофеинот не се баш и најпријатна комбинација за нашиот организам, додека Глукороналактонот може да доведе и до т.н шеќерен шок за организмот. Една од позитивните карактеристики на овие пијалоци е состојката Таурин, која наводно ја зголемува менталната активност. Некои од овие пијалоци наводно можат и да согоруваат калории, што според испитувањата низ светските лаборатории е докажано дека воопшто не е точно.

Иако во сите рекламни кампањи се вели дека го намалуваат стресот, сепак еднинствено што може да се постигне со овие пијалоци е поради големото количество на Кофеин да се зголеми дозата на анксиозност кај човекот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *