Categories
Сцена & Муабети

Што е тоа Дежа Ву?

Што е тоа Дежа Ву и како настанува овој психички феномен?

Дали понекогаш сте влегле во продавница за прв пат, а сте имале чувство дека местото ви изгледа неверојатно познато? Или можеби ви се случило да водите длабок разговор со некој пријател и одненадеж сте почувствувале дека сте го воделе некогаш истиот разговор иако знаете дека тоа не е вистина? Ако сте се нашле во било која од овие ситуации, тоа значи дека сте доживеале Дежа Ву.

60-70% од нас признаваат дека го доживеале овој феномен барем еднаш во животот. Сликата, звукот, вкусот, па дури и мирисот понекогаш можат да не натераат да помислиме дека сме доживеале одреден настан иако знаеме дека не е тоа вистина.

Постојат повеќе од 40 теории за тоа што претставува Дежа Ву и како настанува и тие тероии варираат од реинкарнацијата па се до дупки во синаптичките врски на нашиот процес на помнење.
Називот Дежа Ву, доаѓа од француските зборови Дежа Ву кои во буквален превод значат веќе видено. Овој термин има доживеано неколку варијации, како Дежа Веку, веќе доживеано, Дежа Сенти, веќе помислено, Дежа Визите, веќе посетено. Францускиот научник Емил Боирак, еден од првите кои ја проучувале оваа појава за прв пат и дал име во 1876 година.

Често пати може да дојде до психолошки моменти кои не се во суштина Дежа Ву. Истражувачите си имаат свои гледања и дефиниции, но општо кажано Дежа Ву е чувство дека сте виделе или доживеале нешто порано за кое знаете дека не е можно да сте го доживеале.
Најчеста злоупотреба на терминот Дежа Ву е во контекст на прекогнивните доживувања или доживувања кога луѓето мислат дека знаат што точно ќе се случи во иднина и тоа се случува.
Разликата се состои во тоа што Дежа Ву феноменот настанува за време на настанот или додека се случува настанот, додека прекогнитивните доживувања, ако се вистинити кажуваат за настан кој ќе се случи во иднина.

Но, една од теориите кои се однесува на Дежа Ву настаните, се однесува токму на прекогнитивините сништа кои ни даваат чувство за Дежа Ву одпосле. Бидејќи Дежа Ву феномените ги доживуваат и психички здравите и болните лица, постојат многу шпекулации зошто се случува овој феномен.
Халуцинациите кои се предизвикани од одредена психичка болест или од психотропни супстанции понекогаш ја засилуваат нашата свесност и може да се помешаат со Дежа Ву феноменот. Лажните сеќавања кои се предизвикани на пример од Шизофренијата исто така може да се помешаат со Дежа Ву феноменот. За разлика од вистинскиот Дежа Ву феномен кој трае од 10-30 секунди, овие лажни сеќавања, или халуцинации траат многу подолго.
Во Музејот за мозоци во Перу, има огромна колекција на околу 3 000 мозоци кои датираат дури од 1942 година. Најголемата банка на мозоци се наоѓа во САД во музејот кој е во склоп на „Харвард“ Универзитетот со колекција од околу 6 700 мозоци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *