Categories
Сцена & Муабети

Што е тоа Липосукција?

Липосукцијата е процес со кој се отстранува масното ткиво од телото со вшмукување.

Липосукцијата е процес со кој се отстранува масното ткиво од телото со вшмукување.

Традиционалната Липосукција е наречена уште липосукција без отоци. Претставува хируршки зафат во кој малечки цевки, нарачени канули се вметнуваат под кожата. Преку овие цевки се отстрануваат масните наслаги, со помош на движења на цевките од страна на хирургот. Последниве неколку години, подобрените техники, направија Липосукцијата да биде, побрза, побезбедна, полесна и помалку болна.
Од тие нови техники на Липосукција ќе ги издвоиме:

Липосукција со отоци

Оваа техника се смета за најбезбедната и најефикасната техника на Липосукција, со најбрзо време на опоравување. Прво со помош на локална анестезија се здрвуваат местата каде треба да се вметнат канулите. Потоа се инјектира големо количевство на Лидокаин и Епинефрин во масното ткиво кое треба да се отстрани. Со ова димензиите на масното ткиво се зголемуваат, тоа натекува, станува поцврсто, а канулите може да се движат многу полесно под кожата. Растворот на анестетици, Лидокаин и Епинефрин овозможува да се намалат крвните садови со што губењето на крв за време на зафатот е минимално. Не е потреба општа анестезија, со што во голема мерка се намалува ризикот од смртност за време на овој зафат. Исто така, отоците, синиците и лузните после зафатот се речиси занемарливи.

Липосукција со ултразвук

За потребите на овој зафат се користи ултразвукот со чија помош масното ткиво се претвора во течност, пред да се отстрани. Кога маснотиите се во течна состојба, канулите се движат полесно, така да оваа техника е многу ефикасна кога треба да се отстранат големи количества масни наслаги, кога треба да се отстранат наслаги од грбот и од слабините. Липосукцијата со ултразвук трае 2-4 часа подолго од другите техники.

Липосукцијата претставува хируршки процес кој изискува: опреациона, сала и амбуланта. Не е потребно амбуларно лекување на пациентот, освен ако не се отстрануваат големи количевства на масни наслаги. Но, сепак најдобро место за нејзино изведување секако е добро опремен медицински ценатр. Доколку локалната анестезија не помага, пациентот мора да се подлегне на целосна анестезија.

Што може да се очекува после третманот?

После процедурата, делот од телото кој бил подложен на липосукција цврсто се обвиткува со цел да се намали отекувањето, синиците и болката. Еластичните завои и лепливата лента кои се користат за подршка на вените и капиларите кај тромбозата исто така може да се користат. Треба да очекувате отоци и модринки во првите 7-10 дена после зафатот, а завоите треба да се носат најмалку 3-4 недели. Ако зафатот е липосукција со отоци, треба да се очекува телото само да продолжи со дренажа неколу дена после зафатот, така да потребна ќе биде треапија со антибиотици. Периодот за рехабилитација е различен кај различни пациенти и во голема мерка зависи од количеството на масни наслаги кои треба да се отстранат. Во најголем број случаи периодот за рехабилитација е од неколку денови, до 3-4 месеци.

Зошто се прави Липосукцијата

Главната цел поради кои луѓето прават липосукција е со цел да обликуваат одредени делови од нивното тело, а не да ја намалат телесната тежина. Таа се користи на т.н. проблематични делови од телото кои не можат да се обликуваат со помош на диети и вежбање. Тоа се бутовите кај жените и половината кај мажите. Лицето, вратот, стомакот, грбот, бутовите, нозете исто така може да се третираат. Но, треба да се запоне со Липосукцијата не се третира дебелеењето ниту може да се отстрани целулитот.

Колку е ефикасна

Обично, Липосукцијата е ефикасна за мали делови кои се полни со масни наслаги. Но доколку повторно почнете со истиот начин на исхрана после зафатот, релани се шансите масните наслаги да се вратат на истите места. Целосните ефекти после зафатот видливи се дури после неколку месеци. Со Липосукцијата не се затега кожата од тие делови од каде се извлекуваат масните наслаги. После Липосукцијата кожата може да е со видливо намалена еластичност. За да ја постигне оптималната еластичност, на кожата ќе и се потребни најмалку шест месеци.

Ризици

Доколку е направена од страна на искусен хирург, во соодветна установа, Липосукцијата е безбеден зафат. Компликациите се поголеми доколку е местата кои се третираат се во поголем број или количеството на масни наслаги е поголемо. Липосукцијата со отоци е најбезбедната Липосукција.

Како несакани ефекти после зафатот може да се јават: отоци, синици, здрвеност, иритации на кожата, помали лузни на местата каде канулите се ставаат, обесена кожа, трајни промени на бојата на кожата, нерамнини на површината на кожата, повреди на нервите на кожата. Ова се само компликации кои не се опасни. Сега малку да се задржиме на она што навистина е опасно.
Иако смртноста е навистина многу мала, сепак постои. Ако се отстрани на пример големо количество на масни наслаги може да дојде до срцеви компликации и смрт. Исто така може да дојде до обилни крварења, што пак може да доведе до состојба на шок. Може да дојде до белодробна емболија, појава на згрутчувања, на крвта, и состојба на инфаркт, а да не ја спомнуваме алергиската реакција на анестетиците.

Заради тоа Липосукцијата треба да ја прави само соодветен доктор специјалист во соодветна установа. Докторот треба да има целосен увид во медицинската историја на пациентот. Запомнете со Липосукцијата не се слабее и таа не е замена за начинот на исхрана и вежбањето. Во комбинација со диети и вежбање ефектите на Липосукцијата можат да бидат долготрајни и никако поинаку.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *