Categories
Сцена & Муабети

Стивен Хокинг одговавара на прашањето: „Дали сме сами во вселената“

Познатиот британски астрофизичар Стивен Хокинг многу размислува за вечното прашање „Дали сме сами во вселената?”.

Познатиот британски астрофизичар Стивен Хокинг многу размислува за вечното прашање „Дали сме сами во вселената?”.

Одговорот веројатно е не, смета тој. Доколку во универзумот постои живот, Хокинг се прашува зошто не сме фатиле некои сигнали кои би доаѓале вон Земјата. Ваквите размислувања Хокинг ги изнесе на предавањата одржани синоќа на универзитетот „Џорџ Вашингтон” по повод 50-годишнината од НАСА, теоретизирајќи го прашањето дали постои друг живот во универзумот.

Една можност е да не постои живот на некое друго место или можеби постои интелигентен живот, но кога ќе стане доволно паметен да испраќа сигнали во вселената, доволно е паметен да развие и нуклеарно оружје.
Хокинг се одлучи за трета опција.

„Примитивниот живот е многу почест, додека интелигентниот е прилично редок”, смета Хокинг. Хокинг (66), научник кој боледува од тешка неуродегенеративна болест, поради која што е парализиран и комуницира преку компјутер, верува дека „доколку човечката раса опстане уште милион години, ќе мора смело да оди таму каде што се уште никој не бил”, како што велат во Ѕвездени патеки.

Тој ги спореди луѓето кои се против трошењето пари на истражување на универзумот со оние кои се противеле на патувањата на Кристофер Колумбо во 1492 година. „Откритието на Новиот свет значело голема промена за старите луѓе од тоа време”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *