Categories
Сцена & Муабети

Пристигна опремата за концертот на Лени Кравиц

Се подготвува теренот на кој ќе настапи големата музичка ѕвезда, Лени Кравиц. Охрид очекува голем ќар од овој концерт.

 

Се е подготвено за големиот концерт на Лени Кравитц. Од јавното претпријатие „Билјанини Извори“ велат дека интензивно се уредува просторот каде ќе се случува овој музички настан. Деновиве се заменуваат седиштата на трибините со нови, бидејќи поголемиот дел од нив се искршени и оштетени од забот на времето, се коси тревата и се бојадисуваат ѕидовите

Иван Цветкоски ВД директорот на ЈП „Билјанини Извори“, вели дека до трети август за кога е закажан овој концерт, се ќе биде подготвено . И организаторите на овој музички настан, „Авалон“ продукција, го потврдуваат истото. Вчера во Охрид пристигнаа четири шлепери со опрема за концертот. Сцената на која ќе настапи овој познат рокер е долга дваесет и четири метри а широка шеснаесет метри. За компарација таа е голема колку онаа на „Бјело дугме“ при одржувањето на повратничките концерти. Само опремата тежи петнаесет тони. Настапот на Лени Кравитц според најавите ќе биде музички настан на годината, а од него најмногу ќе ќари Охрид. Се очекува на концертот да има преку пет илјади гости.

Инаку, Лени Кравиц е мулти инструменталист. Американски рокер роден 1964 година. Концертот е во склоп на турнејата за промоцијата на неговиот најнов албум „Време е за љубовна револуција“. Оние кои што сакаат да преслушаат дел од неговото творештво Ви го препорачуваме албумот на неделата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *