Categories
Сцена & Муабети

Спидстер столче

Германската полиција при редовното патролирање успеала да заплени најбрз дел од канцелариски мебел досега виден на улиците.

Германската полиција при редовното патролирање успеала да заплени најбрз дел од канцелариски мебел досега виден на улиците.

Полицајците во градот Грос – Цимерн, на западот од Германија, случајно “налетале” на направа што ја изумиле две 17-годишни момчиња.
Столицата што може да се движи, имала мотор од косилка, сопирачки од велосипед и метална рамка што наликувала на возило за картинг.

Нејзините изумители велат дека само го испробувале “возилото”, но очевидци велат дека тинејџерите на него се возеле по неколку улици.
Полицијата не соопшти која е максималната брзина што може ова канцелариско столче да ја развие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *