Categories
Сцена & Муабети

Дисквалификуваниот шпански велосипедист, Мојсес Дуењас ги обвинува докторите

Шпанскиот велосипедист Мојсес Дуењас кој беше дисквалификуван од „Тур Де Франс“ ги обвинува шпанските доктори, за неговиот позитивен тест на еритропротеинот. Шпанскиот велосипедист Мојсес Дуењас кој беше дисквалификуван од „Тур Де Франс“ ги обвинува шпанските доктори, за неговиот позитивен тест на еритропротеинот.

Дуењас, кој беше обвинет за поседување и користење на недозволени супстанции пред судот во Тарбс, југозападна Франција, тврди дека тие супстанции му ги продал еден шпански доктор по име Хесус Лоса.
Некогашниот тимски доктор на тоа остро реагираше, изјавувајќи дека тој ништо не му дал на Мојсес и дека е подготвен да сведочи пред францускиот суд. Но според шпанските весници,  докторот и пед неколку години бил доведен во врска со допинг скандал, тогаш со шкотлањганецот Дејвид Милар, но никогаш не одговараше пред суд за тие обвиненија.

Дуењас е еден од трите велосипедисти кои оваа година паднаа на допинг тестовите на „Тур Де Франс“ заедно со Мануел Белтран и Рикардо Роко од Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *