Судијата Дејвид Редфорд му изрече казна од 27 месеци затвор на сопругот на британската соул дива Ејми Вајнхаус за физички напад и попречување на правда.
Судијата Дејвид Редфорд му изрече казна од 27 месеци затвор на сопругот на британската соул дива Ејми Вајнхаус за физички напад и попречување на правда.
Блејк Филдер Сивил во 2006 година го претепал менаџерот на еден паб, Џејмс Кинг , а потоа му понудил 400 000 долари да молчи за тоа. Судијата Дејвид Редфорд пред изрекувањето на казната му се обратил на Филдер со зборовите дека тој е „кукавица и измамник“.
Ејми не присуствувала на донесувањето на пресудата. Дваесет и четири годишната пеачка се венчала со дваесет и шест годишниот Филдер во 2007 година во Мајами. Тој беше уапсен во Ноември и од тогаш е во затвор. Вајнхаус стана меѓународна ѕвезда откако го издаде својот албум награден со „Греми“ , „Враќање кон црното“во 2006 година. Но нејзиниот музички талент беше заесенет со скандалите од нејзиниот приватен живот поврзани со користењето на дрога и алкохол, како и нејзината врска со проблематичниот Филдер.