Categories
Сцена & Муабети

Колку промените на нашето Сонце влијаат врз глобалното затолување

Зголемената сончева активност во последниве дваесет години учествува со 10-30% во глобалното затоплување на нашава планета. Зголемената сончева активност во последниве дваесет години учествува со 10-30% во глобалното затоплување на нашава планета. Иако зголемените емисии на јаглерод диоксид и другите штетни гасови сеуште се најголемите причнители за оваа појава. Научниците се согласуваат дека нашава планета се загрева. Ефектите се видиливи со топењето на глечерите и намалувањето на копната покриени со мраз.

Според одредени испитувања направени на униврзитетот „Колумбија“, направени се одредени пропусти во истражувањата на влијанието на сончевите промени врз нашава планета во последниве единаесет години.

Имено погрешни се мерењата на влијанието на сончевата гравитациона сила врз вулканската активност на нашава планета како и промената на водните струи во океаните. Овие два фактори во голема мерка влијаат врз глобалното затоплување на нашава планета.
Исто така, со промените на атмосферата на нашава малечка планета се поставува сега прашањето, колку во последниве дваесет години е сменат степенот на апсорпција на атмосферата?

Научниците од „Колумбија“ не знаат со сигурност да потврдат какви промени ќе претрпи Сонцето во иднина и какво влијание врз нас таквите промени ќе имаат. Со сигурност треба да се продолжи со набљудувањето на сонцето и да се направат корекции на климатските модели, со поинтензивно вклучување на соларната активност во нив која од година во година е се поголема. Тоа ќе ни овозможи појасна слика за климатските промени кои нашава планета ги претрпи во последниве сто години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *