Categories
Сцена & Муабети

Американски научник развил начин за складирање на соларната енергија

Научник од САД развил нов начин за производство на гориво за горивите ќелии, што на домаќинствата би им овозможило „складирање” на соларната енергија и производство на струја и ноќе.

Научник од САД развил нов начин за производство на гориво за горивите ќелии, што на домаќинствата би им овозможило „складирање” на соларната енергија и производство на струја и ноќе.
   
Новиот катализатор со помош на соларна енергија произведува кислород и водород што горивите ќелии ги користат за производство на струја, истовремено трошејќи многу помалку енергија отколку со досегашните начини.
   
Со овој катализатор, корисниците можат да се потпрат на струјата што ја произведуваат соларните колектори, вели професорот од Технолошкиот институт во Масачусетс (МТИ), кој го развил новиот материјал.

“Ако имате енергија само додека свети сонцето, тогаш имате проблем. Токму затоа, според мое мислење, соларните ќелии не се пробија на пазарот”, вели Даниел Носер, професор по енергетика на МТИ.

“Ако можеме да обезбедиме механизам за складирање, тогаш може без престанок да се произведува енергија и тогаш веќе можеме да разговараме за соларна енергија”, додава тој.

“Јас можам сончевата светлина да ја претворам во хемиско гориво и сега можам да ја користам соларната енергија и ноќе”, вели Носер.
   
Носер се уште не го конструирал својот систем во полна големина, но најави дека технологијата за прилагодување на системот за домаќинствата би можело да биде подготвен за помалку од едно десетлетие.
Замислата на која работел 25 години дошла од набљудувањето на начинот на кој растенијата ја складираат сончевата енергија, објаснува Носера.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *