Скарлет, кај ти е ногата?

Иако многумина не веруваа во холивудскиот трач, изгледа дека гласините биле точни. Наводно 26 годишната убавица Скарлет Јохансон и 50 годишниот Шон Пен се во врска.

 |  Маја Савиќ  | 
scarlet i penn
Скарлет и Шон

Иако многумина не веруваа во холивудскиот трач, изгледа дека гласините биле точни. Наводно 26 годишната убавица Скарлет Јохансон и 50 годишниот Шон Пен се во врска.

Една од најпосакуваните жени во Холивуд, Скарлет Јохансон и популарниот актер Шон Пен, биле сликани додека ручале во кубански ресторан во Лос Анџелес.

Како што пишува порталот Tmz, по завршувањето со јадењето, Скарлет ја испружила нејзината нога на скутот на Пен, а тој заљубено гледал во неа. Тие уживале и цело време се смееле, а неименуван извор кажал дека Скарлет ја платила сметката.
Skarlet i Shon
Иако по доделувањето на Оскарите, двајцата заминаа на забавата организирана од Мадона, сепак пред јавноста се однесувале како да не се познаваат. При крајот на минатата година Скарлет поднесе барање за развод на бракот од Рајан Рејнолдс, а Пен во јули се разведе од Робин Рајт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top