Categories
Сцена & Муабети

Силвестер Сталоне има руски корени

Холивудската легенда Силвестер Сталоне, кој наскоро ќе стане заштитно лице за руската  вотка „руски мраз“, од својата прабаба Роза Рабинович има руски корени на кои е многу горд.

Холивудската легенда Силвестер Сталоне, кој наскоро ќе стане заштитно лице за руската  вотка „руски мраз“, од својата прабаба Роза Рабинович има руски корени на кои е многу горд.

Мајката на славниот Рамбо, Жаклин Сталоне, своевремено дознала од соработник на КГБ дека има директна врска со Одеса, каде што нејзината баба Роза се родила и ја поминала младоста. На крајот на 1918 година таа со семејството емигрирала во САД каде што ја родила мајката на Жаклин.

Силвестер Сталоне е многу горд на своите руски корени и со задоволство истакнува дека неговата прабаба била многу богата, носела скап накит и никогаш не работела туку ги воспитувала децата. Имала ужасен акцент и практично не знаела англиски.
Внуката на Евреи од Одеса, Жаклин, се омажила за италијанскиот емигрант Френк Сталоне, кој сакал да стане пејач, но работел како фризер.

Во младоста Жаклин играла на Бродвеј, настапувала во циркус и учествувала на изборите за мис. На 6 јули 1946 Жаклин и Френк го добиле првото дете – Силвестер Мајкл Енцио Сталоне. При породувањето на бебето му бил повреден нерв на лицето, што подоцна му  даде посебен израз на славниот актер.
Во 2002 година Жаклин со мажот отишла во Одеса за да дознае повеќе за своето потекло. Силвестер не можел да патува со нив зашто имал снимање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *