Кометите се малечки членови на нашиот Сончев систем, со дијаметар од само неколку километри. Најсоодветно име за нив би било „валкани снежни топки“.

Научниците сметаат дека тие се состојат од:

– прашина
– мраз (вода, амонјак, метан, јагелроден диоксид)
– материјали кои содржат јаглерод или органски компоненети, на пример катран.
– карпесто јадро (некои комети)

Се верува дека кометите настанале од првичните материјали кои го создале и Сончевиот систем. Кога за прв пат се форморало Сонцето, тоа ги исфлило полесните материјали како гасовите и прашината подалеку од себе, надвор во вселената. Некои од овие материјали, посебно гасовите, се кондензирале и ги формирале големите гасовити џинови од нашиов Сончев систем како Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун, додека останатиот дел од гасовите останале во близина на топлото Сонце и тоа да орбитираат на две места:

– Ортовиот Облак – облак од гасови оддалечен од Сонцето 50 000 км која своето име го добила според холандскиот астроном, Јан Орт кој ја открил.

– Кујперов Појас – област која се наоѓа надвор од орбитите на Плутон и Нептун.

Кометите се разликуваат од астероидите по тоа што имаат опашка, но поголемиот дел од материјалите од кои се состојат се слични на материјалите од кои се состојат и астероидите. Забележани, заведени и следени се 3 354 комети кои буквално се шетаат или ќе прошетаат низ нашиов Сончев систем.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: