Categories
Сцена & Муабети

Сексот низ бројки

Колку сперма мажите исфрлаат во текот на животот? Колку во просек трае женскиот оргазам, а колку машкиот?

Колку сперма мажите исфрлаат во текот на животот? Колку во просек трае женскиот оргазам, а колку машкиот? Тоа се само некои од прашањата на кои ќе ви понудиме одговори. Мерејќи го зголемувањето на телесната температура, научниците утврдиле дека жените се возбудуваат со истата брзина како и мажите, односно за околу 12 минути.
За време на сексуалниот однос, кој трае околу половина час се трошат околу 200 калории.

Сексот за 50 отсто го намалува ризикот од смрт од инфаркт. За време на сексот се зголемува количината на тестостеронот, а тој хормон помага при заштитата на срцето од стрес и штити од остеопороза.

Во една лажица сперма има пет калории.

Мажите во текот на сонот, просечно доживуваат пет ерекции.

Во светот годишно се случуваат околу 100 милиони сексуални односи, покажале статистиките на Светската здравствена организација.

Мажите, во текот на животот исфрлаат 15 литра сперма.

Со љубење се трошат 25 калории на час.

Клиторисот има околу 8.000 нервни завршетоци, што претставува најголема концентрација во целото тело, додека пенисот има околу 4.000 нервни завршетоци.

Женскиот оргазам во просек трае околу 18 секунди, додека машкиот околу 25.

Брзината на ејакулацијата во просек изнесува околу 45 километри на час.

Истражувањата покажале дека повеќе од една третина од жените глумат оргазам, а дури 90 отсто рекле дека во 90 отсто од случаите партнерите тоа не го препознале.

Најстарите кондоми биле направени од риба и животински црева, а датираат од 1640 година.
Просечната должина не пенисот е 15 сантиметри. Секако постојат и варијации, но речиси сите при ерекција достигнуваат должина од 10 до 20 сантиметри. Тоа е големината од срамната коска до врвот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *