Categories
Сцена & Муабети

Мадона во нов секс скандал

Домашно секс видео на кое Мадона се забавува со бејзбол звездата Алекс Родригез снимено од анонимен камерман.

камерманот  за снимката бара вистинско богатство, а тврди дека снимката е направена со скриена камера поставена во апартманот кој го користеле Мадона и нејзиниот љубовник. Адвокатите на поп дивата изјавија дека се запознаени со тврдењата и барањата на камерманот, но не сакаа да коментираат.

Скандалот доаѓа во незгодно време за Мадона, во време кога нејзиниот брак со Гај Ричи е пред распаѓање, а се поголеми се озборувањата за нејзината наводна врска со Родригез. Поп пејачката која ги демантира овие гласини се појави заедно со својот сопруг на премиерата на неговиот најнов филм “Rock Rolla”.

Мадона тврди дека меѓу неа и Родригез постои само пријателство, и дека му помогнала да пронајде стан за живеење при неговото доаѓање во Њу Јорк. Камерманот кој испратил илјадници мејлови до медиумите тврди дека снимката е направена пред два месеци во вилата на пријател на Мадона, кој истотака е и негов пријател. Тој тврди дека тајно во дневната соба поставил камера која ја насочил кон каучот. Правниците трвдат дека доколку неговите тврдења се покажат точни, тој би можел да биде обвинет за воајеризам и провала. “Ако снимката е направена на тој начин тоа е очигледно упад во нечија приватност“ изјавуваат правниците. “Најверојатно не добил ни дозвола за поставување на камера во куќата на неговиот пријател, и тоа го направил на своја рака, што претставува провала. Ако навистина го направил тоа наместо да заработи милиони, може да заврши позади решетки.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *