Categories
Сцена & Муабети

Шест основни грешки на мажите во сексот

Кои се основните шест грешки кои мажите ги прават во креветот и надвор од него?

Најголемата причина за погрешните чекори кои мажите ги прават во сексот е онаа дека за сексот низ животот, сами учиме. А, мажите пак најголемиот број информации за сексот ги добиваат од филмовите за возрасни за кои сите знаеме колку се вистинити. На медеицинските институти на големо се прават студии кои го испитуваат машкото однесување во сексот и речиси во сите нив се наведени следниве кардинални грешки:

1. Мажот секогаш знае што жената сака.

Често пати мажите легнуваат во кревет со претпоставка дека жената го сака истото во кревет како и сите други со кои спиел претходно. Но, замислете, не се сите жени исти.

2. Мажот е секогаш доволен.

Некои жени не може да доживеат оргазам без 3000 движења во минута. Ниту еден јазк или машки прст не се толку брзи, така да погрешно е убедувањето дека со жената не е нешто во ред доколку и треба вибратор. Таа алатка треба да ви е пријател а, не конкуренција.

3. И мажите и жените го доживуваат сексот исто.

Мажите треба еднаш да разберат дека жените не го доживуваат сексуалниот однос исто како и тие самите. И дека не секогаш должината на машкиот полов орган е важна, бидејќи често голем пенис знае да биде непријатен. Во ред е. Вие кои сте надарени не се тревожите.

4. Мажите го познаваат женското тело.

Најголем број од мажите не ни знаат што е тоа клиторис ниту не дај Боже каде се наоѓа. А што се оденсува до ерогените зони, мажите кога една ќе ја откријат, во 90% од случаите, тоа е инцидентно, на тоа место подигаат извиднички камп. За жената допирот е неверојатно важен и доколку сакате да откриете што ја возбудува вашата партнерка, ПРАШАЈТЕ ЈА!

5. Предигра.

Мажите треба да сватат еднаш за секогаш дека предиграта е оној дел од сексот во кој жената можеби најмногу ужива. За жал за здрав и исполнет сексуален живот ќе мора малку да се потрудат и двете страни, посебно мажите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *