Categories
Сцена & Муабети

Шерон Стоун против „ПЕТА“

Поради еден пајак, Шерон Стоун е на нож со друштвото за заштита на животни.

Холивудската актерка Шерон Стоун, повторно дојде во конфликт со друштвото за заштита на животните „ПЕТА“. Имено нејзин филмски колега изјавил дека на актерката одбила да сними една сцена во еден од нејзините поранешни филмови се додека пајакот не бил осакатен.

Ернест Борџин со кого заедно го снимаат „Смртоносниот благослов“ изјвил дека таа одбила да ја снима сцената се додека на кутрата тарантула не и бидат откинати ноџињата. Иако овој инцидент се случил во далечната 1981 година, сепак силно одекна во јавноста.

Претседателката на„ПЕТА“ изјави дека холивудската старлета нема срце штом сакала од едно безопасно пајаче да направи инвалид на што холивудската актерка со подсмев оговорила дека тоа им го прави на сите нејзини филмски партнери.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *