Categories
Сцена & Муабети

Селенот го спречува ширењето на ХИВ вирусот

Најнови истражувања покажале дека внесот на Селен го спречува ширењето на сидата во организмот.

Најнови истражувања покажале дека внесот на Селен го спречува ширењето на сидата во организмот.

До ова откритие научниците дошле неодамна кога забележале дека кај пациентите кои биле заразени со ХИВ имунолошкиот состав функционирал забележливо подобро поради дополнително внесување на Селен.

Истражувањето траело девет месеци и за тоа време 91 пациенти болни од ХИВ дневно земале доза од 200 микрограми Селен.
Имало и контролна група – група од 83 пациенти на кои им биле давани placebo капсули.
Пред истражувањето, на сите “учесници” им бил измерен селен и тие имале исто ниво на селен во крвта.

По девет-месечната терапија, нормално кај оние пациенти што земале Селен им било покачено нивото на овој минерал во крвта. Кај тие пациенти, со покачен Селен биле забележани и покачени имунолошки CD4 клетки.
Овие клетки претставуваат фракција од Т-лимфоцитите, т.н. клетки хелпери и тие се најважни при борбата на организмот против ХИВ-инфекцијата.
Сеуште не може да се објасни механизмот на дејство на Селенот на ХИВ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *