Categories
Сцена & Муабети

Се продава најскапата вила на светот

Вилата “Леополд” во јужното француско место Вилфранш-сир-мер, се продава за “само” 500 милиони евра, што ја прави најскапа приватна куќа во светот.

Вилата “Леополд” во јужното француско место Вилфранш-сир-мер, се продава за “само” 500 милиони евра, што ја прави најскапа приватна куќа во светот.

Објектот во 1902 година го подигнал белгискиот крал Леополд Втори, а сега се наоѓа во сопственост на вдовицата на Едмонд Сафра. Купувач на вилата е руски милијардер, чиј идентитет засега се држи во тајност.

Американското списание Форбс во 2007 година ја внесе вилата Леополд и нејзината градина од осум хектари меѓу најскапите приватни имоти на светот.
Градината на вилата, што се наоѓа неколку километри од Ница, брои 1.200 стебла маслини, чемпреси, лимони и портокали.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *