Categories
Сцена & Муабети

Се поднови Меѓународната вселенска станица

Двајца членови на екипажот на меѓународната вселенска станица монтираа нов модул за поврзување со станицата.

Двајца членови на екипажот на меѓународната вселенска станица монтираа нов модул за поврзување со станицата. Космонаутите Сергеј Волков и Олег Кононенко, кои се дел од екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС), вчера шест часа беа во отворена вселена  за да монтираат нов модул за поврзување на апарати со станицата, пренесоа светските агенции.

Модулот ќе биде од огромно значење кога следната година во мај постојаниот екипаж на МВС ќе се зголеми од тројца на шестмина космонаути. Тогаш истовремено на МВС ќе се прикачат два капсули „Сојуз“ за по тројца космонаути, кои ќе треба да го евакуираат екипажот од станицата доколку евентуално се појави некоја итна ситуација.
Модулот ќе биде користен и од европските беспилотни товарни бродови кои патуваат до МВС.
Следната година апаратот за поврзување ќе биде искористен од рускиот вселенски комплекс, во кој ќе има комбинирана истражувачка лабораторија и оддел за премин од брод поврзан со МВС кон самата станица. Овој комплекс е сличен на комплексот Пирс, што Русија го пренесе на МВС во 2001 година и кој требаше да рабвоти само пет години.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *