Categories
Сцена & Муабети

Саудијците не смеат да купуваат кучиња и мачки

Религиозната полиција на Саудиска Арабија забрани продавање на кучиња и мачки и нивно покажување во јавност во главниот град.

Религиозната полиција на Саудиска Арабија забрани продавање на кучиња и мачки и нивно покажување во јавност во главниот град, бидејќи мажите своите домашни галеничиња се почесто ги користеле за да се додворат на жените.
    
Отман ал – Отман, челник на комисијата за промовирање на вредностите и превенција на пороците во Ријад објаснува дека комисијата започнала да спроведува стара верска наредба. Причина за забраната, според објаснувањето, е што во Саудиска Арабија меѓу некои мажи станало популарно да ги користат домашните галеничиња за “да ги заведуваат жените и да ги вознемируваат семејствата”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *