Categories
Сцена & Муабети

Санта мраз со димензии од седум квадратни миљи се откина од Арктикот

Санта мраз со димензии од околу седум квадратни миљи се откина од канадскиот дел на Арктикот.

Санта мраз со димензии од околу седум квадратни миљи се откина од канадскиот дел на Арктикот.
Научниците од „Трент“ универзитетот беа внимателни во своите изјави потенцирајќи дека глобалното затоплување не е виновно за овој настан, туку едноставно причината за ова откинување е фактот што арктичката клима едноставно не може да го задржи распаѓањето на Арктикот. Тие истакнаа дека тоа е процес кој е незапирлив.

Сантата мраз е дел од Елесмер островот кој се наоѓа на север од Канада. Првите пукнатини биле забележани уште во 2002 година. Ова е најголемото парче мраз кое се откинало, после Ајлес сантата мраз која се откина во 2005 година исто на север од Канада, на 500 миљи од Северниот Пол.

Овие санти мраз се составени од акумулиран снег и замрзната слатка вода и се дел од некогашното замрзнато море кое ги покривало денешните океани. Некогаш Елесмер островот целосно бил опкружен со единствена обвивка од мраз, која почнала да пука во 1900 година. Колку стнаува збор за појави предизвикани од глобалното затоплување или општите климатски промени низ кои минува нашата планета не е ни толку важно, колку што е важна брзината со која се случуваат овие рапидни распаѓања на замрзнатите полови од нашата планета.
Испратени се предупредувања до сите бродови кои сообраќаат во тие региони за екстра внимателно управување во услови кога северните мориња се преполни со санти мраз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *