Categories
Сцена & Муабети

Шаја Лебуф упасен

Ѕвездата на новиот „Индиана Џонс“ уапсен заради предизвикување сообраќајна несреќа.

Ѕвездата на новиот „Индиана Џонс“ уапсен заради предизвикување сообраќајна несреќа.

Шаја Лебуф си ги лечи раните во една болница во Лос Анџелес кои ги доби како резултат на сообраќајната несреќа која самиот ја предизвика. Истовремено младиот холивудски актер е веднаш и уапсен а и хоспитализиран со повреди на раката. Имено тој предизвикал директен судир со друго возило. Неговата сопатничка минала со полсени повреди како и девојката која управувала со другото возило.

Докторите од „Синај“ медицинскиот центар морале итно да ја оперираат неговата лева рака поради повредите здобиени од удесот, а актерот претрпел и незначителни повреди на главата и колениците. Бидејќи станува збор за дело „предизвикување сообраќајна несреќа поради невнимание“ тој не морал да плати за операцијата, а во Август месец ќе му се суди пред судот во Лос Анџелес. Колку повредите негативно ќе влијаат на снимањето на продолжението на ланскиот хит „Трансформерси“ останува да видиме.

Шија не е проблематичен актер но, деновите на неговата поранешна репутација како добро момче се веќе минато после овој инцидент. Во Ноември 2007 година во Чикаго тој беше уапсен поради натрапништво, за што не беше осуден, бидејќи „Волгринс“ ланецот на апотеки решија да се откажат од обвиненијата. А, годинава тој плати казна и поради пушење на јавно место. Затоа, Шија внимавај!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *