Русија и се закани на Чешка дека, ако јужно од Прага постави радар на американскиот антиракетен штит, Русите едноставно ќе прекинат да пијат чешко пиво.

Рускиот бојкот на чешкиот национален пијалок би бил поефектен од ракети во Калинградската област на границата на Полска или пак затворањето на нафтоводите, убеден е Александер Пикајев од рускиот Институт за светска економија и меѓународни односи.

“Кога руските потрошувачи би престанале да го пијат чешкото пиво како одговор на американскиот радар, тоа би бил голем гест, многу посериозен отколку да се прекине испораката на нафта или било каква протестна нота што би ја испратила руската дипломатија“, вели Пикајев.

Чешките пиварници признаваат дека би се соочиле со проблеми кога Русите би прекинале да го пијат нивното пиво, но се надеваат дека руските пивопијци се доволно верни на омилениот бренд и дека нема да подлегнат на политичките притисоци.

“Русија е петти, шести најголем увозник на чешките пива. Во Русија главно извезуваме луксузни, скапи пива и не можам да замислам дека на богатите Руси би влијаела таквата кампања“, вели извршниот директор на Чешкиот сојуз на пиварниците, Јан Весели.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: