Categories
Сцена & Муабети

Роуз Мекгауен е Црвената Соња

Роуз Мекгауен е Црвената Соња во новата филмска адаптација во режија на Роберт Родригез.

Роберт Родригез и Роуз Мекгауен на семинарот Комик Кон кој се одржува во Сан Диего, Калифорнија одржаа прес конференција во врска со најновиот филмски проект на овој мексикански режисер, новата филмска адаптација на стрипот Црвената Соња. Инаку Црвената Соња е лик од стриповите за Конан варваринот кој подоцна доби и споствена стрип рубрика.

Родригез изјави дека тој нема да може самиот да ја режира оваа филмска приказна, поради тековните филмски обврски но, дека ќе биде корежисер заедно со неговиот пријател Даглас Арниокоски, кој ќе биде официјалниот режисер на овој филмски проект. Родригез ќе биде продуцент додека Дејвид Вајт сценаристот на проектот.

Родригез исто така потврди дека е во првични преговори за продукција на флмскиот проект Конан кој пред две денцении доживеа две продолженија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *