Дали Роберт Вагнер е одговорен за смртта на Натали Вуд?

После повторното отворање на истрагата за смртта на актерката Натали Вуд која под необични околности се удави во 1981 година, полицијата дојде до некои нови сознанија.

 |   | 
Natali Wood
Natali Wood

Natali WoodПосле повторното отворање на истрагата за смртта на актерката Натали Вуд која под необични околности се удави во 1981 година, полицијата дојде до некои нови сознанија. Пред 30 години Натали Вуд е пронајдена мртва после излет со брод покрај брегот на Калифорнија, а на бродот со неа беа сопругот тв-ѕвездата Роберт Вагнер и познатиот актер Кристофер Вокен. Случајот е повторно отворен откако капетанот на јахтата Денис Даверн изјавил дека учествувал во прикривање на вистинските околности за смртта на Натали и тоа на барање на нејзиниот сопруг Роберт.
Полицијаста по земање на изјава од Даверн ја извести јавноста дека Вагнер не е на нивната листа на осомничени. Лана Вуд, актерка и сестра на покојната Натали за медиумите изјави дека не верува оти нејзината сестра е фрлила од јахтата, но дека е сигурна оти Вагнер не ги открил сите детали кои се случиле таа кобна ноќ. Открила дека Натали се плашела од вода и затоа објаснувањето на патологот од пред 30 години, дека Натали се лизнала на палубата и паднала ја смета за вистинита.
-Ако Вагнер знаел дека Натали паднала и ја оставил во водата тоа е ужасно – рекла Лана.
Како доказ за полицијата ќе послужи и книгата во која пред две години капетанот Даверн ги опишува и настаните таа ноќ. Во интервју за „Сандеј телеграф“ Даверн рекол дека Натали исчезнала после кавгата со сопругот Роберт, а тој го одбил предлогот на Даверн да ја побараат. Во книгата една жена сведочи дека слушнала женски глас кој бара помош бидејќи се давела и подоцна утврдила дека времето се поклопува со времето кога Натали исчезнала од бродот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top