Златната рипка Оуши, изгледа како да се напила нешто друго покрај водата од својот аквариум, а поради необичниот начин на пливање стана вистинска атракција.

Имено, рипката, во сопственост на Лиам Метјус плива на грб, со стомакот нагоре.Нејзиниот сопственик од округот Девон во Велика Британија ја купил од продавница за домашни миленичиња во 2004 година.

„Кога ја купив Оуши, пливаше нормално, но по шест месеци почна да плива наопаку”, раскажува сопственикот.

Рибата, според Метјус, плива прилично брзо и многу е здрава, а дури и јаде наопаку. Станала легенда во округот, поради што многу луѓе доаѓаат само да ја видат, а особено е интересна за децата.

Здравјето на рипката е проверено, при што е констатирано дека таа е во сосема добра состојба”, објави „Дејли Меил”.Веројатно само сака светот да го гледа од таа точка”, објаснува сопственикот, кој додава дека се уште не знае дали рипката е машко или женско.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: