Експерти од Мадрид, ја испитаа состојбата на делото „Герника“ на Пабло Пикасо, која славниот сликар ја создал во 1937 година и заклучиле дека се наоѓа во прилично лоша, но стабилна состојба. Претставници на одделот за реставрација од Музејот на современата мадридска уметност каде од 1992 година е изложено големото платно со димензии 7,8 на 3,5 метри, после период од десет години започнаа да ги проучуваат оштетувањата на сликата.

Делото е создадено во Париз, како експресија на жестокиот револт на Пикасо против нацистичкото бомбардирање на баскиското село Герника.

Сликата многу патела во минатото и поради тоа сега и е потребно особено внимание, но сега за сега не се планира нејзина повторна реставрација, објаснува реставраторот Гарсија Гомез Теједор, а една од причините за чекањето е што реставрација сега би можела да доведе до оштетување на нејзините оригинални бои.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: