Categories
Сцена & Муабети

Решена мистеријата на Поларната светлина

Што ја предизвикува прекрасната Поларна светлина во која човештвoто со векови ужива?

Астрофизичарите од УКЛА универзитетот во САД, ги открија причините кои ги предизвикуваат подпросторните бури во вселената, истите оние соларни електромагнетни бури кои предизвикуваат хаос во телекомуникациите, електричните инсталации и ситемите за комуникација. Тоа се истите бури кои ја предизвикуваат Aurora Borealis или популарно познатата Поларна светлина.

Постојат две теории со кои се објасуваат овие подпросторни бури и гневот кој тие го ослободуваат во Магнетосферата на нашава планета.
Едната теорија вели дека експлозијата на овие бури настанува блиску до Земјата на растојание големо околу една шестина од растојанието до Месечината. Според истата теорија големо количество на супер загреан гас се собира во вселената и под влијание на загреаните електрони и јони експлодира. Експлозијата поради гравитационото поле на Земјата се претвара во имплозија и се упатува накај Земјата во вид на подпросторна бура.

Втората теорија вели дека експлозијата настанува на многу поголемо растојание од Земјата некаде околу една третина од растојанието до Месечината под влијание на различен процес. Кога две магнетни полиња во случајов земјиното и она на Месечината  ќе се приближат опасно едно до друго како резултат на генерирана енергија од Сонцето, нивната магнетна енергија се претвора во кинетичка енергија и топлина. Кога оваа енергија ќе се ослободи плазмата патува накај Земјата преполна со супер наелектризирани електрони.

Која од овие две теории е вистинската? Конечно после децении испитувања се потврди дека втората теорија или  реконекцијата помеѓу две магнетни полиња е вистнската теорија. Енергијата генерирана од експлозиите кои настануваат како резултат на реконекцијата на двете магнетни полиња ја создава прекрасната Поларна светлина. Конечно се отвараат можности да се следат не само за циклусите на нејзиното појавување, туку и нејзиниот интензитет и разновидноста.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *