Меѓу мажите и жените постојат разлики кога станува збор за возилата и за возењето, покажаа резултатите од истражувањето спроведено во Германија.

 

Според ова истражување направено врз 150 илјади сопственици на возила, само два проценти од жените купуваат автомобил поскап од 50 илјади евра, додека тоа го прават 5,1 отсто од машките испитаници.

Мажите поретко дозволуваат некој друг да го вози нивниот автомобил – 16 проценти, додека тоа не претставува проблем за 25 отсто од жените.

Машките возачи годишно поминуваат повеќе километри од женските – 46 проценти од Германците годишно поминуваат од 12 до 30 илјади километри, додека 60 отсто од жените во таа држава со својот автомобил поминуваат помалку од 12 илјади километри годишно.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: