Categories
Сцена & Муабети

Прво свадба па затвор

Полицијата во кинескиот град Санџијанг го “стопирале” апсењето на два дена, со цел на осомничениот да му дадат време да се венча и првата брачна ноќ да ја помине со својата жена.

Полицијата во кинескиот град Санџијанг го “стопирале” апсењето на два дена, со цел на осомничениот да му дадат време да се венча и првата брачна ноќ да ја помине со својата жена.

Имено, кога пристигнале на местото каде што требале да го направат апсењето, припадниците на редот забележале дека бројното семејство на осомничениот е многу ангажирано околу “една бремена жена облечена во венчаница”.

Кога сфатиле дека мажот кого требале да го уапсат требало да се венча, полицајците одлучиле да не интервенираат и да почекаат пред куќата. По свадбената прослава, на младата брачна двојка им било дозволено заедно да ја поминат првата брачна ноќ, за наредното утро да го уапсат Ленг Чијанг, односно младоженецот. Потерата по Чијанг траела две години поради сомнежи дека учествувал во вооружен напад на еден ноќен клуб.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *