Categories
Сцена & Муабети

Првиот лезбејски брак во Холивуд

Педесет годишната телевизиска водителка Елен Деџенерес го најави бракот со својата партнерка, 35 – годишната актерка Порша дел Роси.

Педесет годишната телевизиска водителка Елен Деџенерес го најави бракот со својата партнерка, 35 – годишната актерка Порша дел Роси. Тајната церемонија се одржа вчера во Лос Анџелес, без многу голема помпа со некаде околу дваесетина гости. Најпознатите холивудски лезбејки не сакаа од својата венчавка да прават циркус, но сепак ќе зборуваат за бракот во шоуто на Елен, кое по гледаност го победи и шоуто на Опра.

Токму во последните емисии на ова шоу елен ја најави својата венчавка со Порша, а вереничките прстени ги разменија во пресрет на доделувањето на „Еми“ наградите, на кои Елен триумфираше.

Инаку за елен ова е втора врска после врската со холивудската актерка Ен Хејч која ја остави Елен поради друг….маж.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *