Categories
Сцена & Муабети

Првата придружничка ја засени Мис Англија

Натпреварот за Мис на Англија ги изненади сите. 17 годишната Кло Маршал е прогласена за прва придружничка, иако беше речиси двојно потешка од другите.

Кло Маршал која се школува за оперска пејачка е првата финалистка на натпреварот за Мис на Англија со вишок на килограми.

“Сакав да се натпреварувам за Мис на Англија, како би им покажала на сите дека можете да бидете убави без разлика на тоа колку килограми имате, и дека убавината доаѓа во најразлични облици и големини“ изјави пресреќната Кло по натпреварот. Таа ја засени дури и победничката Лора Колмен која ќе ја претставува Англија на натпреварот за најубава жителка на палнетава. “Многу сум возбудена“ изјави таа по прогласувањето. “И мојата баба и мојата мајка своевремено беа прогласени за кралици на убавината, така да ова веќе преминува во семејна традиција“.

По пистата за време на изборот парадираше и 21 годишната “Вонствената Барби“, со вистинско име Катерина Ходџ, која служела во британските трупи во Ирак. Во 2005 Катерина е наградена со орденот за храброст за своите дела и за спасените животи на нејзините соборци во мисијата. “Многу ми е мило што сум во финалето. Ова е голема чест за мене“ изјави таа додавајќи дека помеќу манекенството и војската нема допирни дочки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *