Categories
Сцена & Муабети

Ќе се снима продолжение на „Топ Ган“

Британскиот таблоид „Сан“ излезе со информација дека ќе се снима продолжение на филмскиот хит од осумдесеттите „Топ ган“.

Британскиот таблоид „Сан“ излезе со информација дека ќе се снима продолжение на филмскиот хит од осумдесеттите „Топ ган“.

Холивудскиот актер, Том Круз исто така добил понуда да ја репризира својата роља, на бестрашниот воен пилот, Маверик во продолжението на „Топ ган“. Поминаа дваесет и две години откако Том Kруз се прослави во улогата на морнаричкиот пилот приправник, а деновиве изгледа дека сценариото за оваа филмска лимонада е речиси готово.

Се шпекулира дека приказната ќе оди во таа насока да ликот на Том Круз, сега е инструктор во Топ ган училиштето, а овој пат нему ќе му прави проблеми една млада дрска пилотка. Што се однесува за улогата на Кели Мекгилис сеуште нема никакви информации дали таа ќе се врати во продолжението на овој филмски хит од осумдесеттите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *