Categories
Сцена & Муабети

Принцот Чарлс плати многу стар долг

Британскиот претстолонаследник принцот Чарлс денови плати долг без камата оставен од кралот Чарлс втори, стар 350 години.

Принцот од Велс плати 453,15 фунти (567,30 евра) на компанија од Вочестер што произведува облека на име – плаќање нарачка за воeна униформа од 1651 година која тогаш не била платена.Принцот Чарлс бил задоволен што не морал да ја плати и каматата.

„Се чини дека компанијата која ги произвела униформите има долго памтење. Кога велам долго мислам на речиси 400 години. Но, денес сум подготвен како гест на добра волја да го платам долгот од 453 фунти“, изјави принцот Чарлс.

По приемот на парите, претставник на компанијата му издал на Чарлс признаница, истакнувајќи дека едно „многу долго поглавје“ во историјата на фирмата конечно е завршено.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *