Categories
Сцена & Муабети

Човек посинел поради редок медицински синдром

Пол Карсон (40), од Орегон имал обична кожа и црвена коса. Како што стареел, бојата на неговата коса се менувала во седа, но се менувала и бојата на кожата во – сино. Пол Карсон (40), од Орегон имал обична кожа и црвена коса. Како што стареел, бојата на неговата коса се менувала во седа, но се менувала и бојата на кожата во – сино.

Карсон вели дека за промените на бојата на кожата не бил свесен, се додека еден пријател го прашал зошто се офарбал сино. Сината кожа на Карсон е резултат на реткиот медицински синдром познат како аргирија. Тоа е козметички ефект што се создава како последица на врзувањето на среброто за пигментот. Станува збор за болест која всушност нема влијание врз здравјето на човекот, а се појавува со таложење на мали честички сребро во екстрацелуларниот простор.

Вообичаено овие честички се таложат на местата каде се наоѓа зголемена доза на мелатонинот. Се претпоставува дека среброто предизвикува зголемена концентрација на мелатонинот, а комбинацијата, пак, на сребро и мелатонин ја предизвикува сината боја на кожата.Карсон почнал да го користи среброто како дел од алтернативната медицина, но не знаел што можело да се случи на неговата кожа.

Тој видел оглас што ветувал здравје и подмладување со колоидно сребро, одлучил да го испроба таквото подмладување, и почнал да пие вода измешана со честички сребро секој ден. Првите месеци не забележувал промени на кожата, но имало промени во здравјето.

“Некои мои здравствени проблеми едноставно исчезнаа, поради што почнав средството да го ставам и на лице”, вели Карсон.

Тој го прекинал користењето на средството, надевајќи се дека промените на неговата кожа ќе се повлечат, но за жал, аргиријата е перманентна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *