Categories
Сцена & Муабети

Португалија-дестинација од соништата

Најдобра туристичка дестинација ова лето за сите европјани претстаува Португалија.

Сместена на самиот краен запад од Европа, на бреговите на Атланскиот океан, Португалија е земја која ќе ве изненади со својата убавина. Реките, шумите и богатите долини, во внатречноста претставуваат совршен контраст на бреговите кои се полни со плажи, литици и заливи, а ако уште на тоа ги додадеме и непроодните масленици, полињата со портокали и винските региони како на пример Алентејо, сликата на оваа земја преполна со културни и општествени разновидности полека ќе стане целосна.

 

Иако малечка, оваа земја има многу богата историја. Нејзините бескрајно богати уметнички и археолошки богатства сведочат не само за 850 години богатата традиција на соочување сор азличните култури, туку и за разновидноста на населението во овој регион, од келтите, Романите, Арапите, па се до Визиготите.

Ако тргнете во истражување на неверојатните убавини на оваа земја, посетете го Лисабон, единствената и фасцинантна престолнина на Португалија. Дозволете да ве маѓепсаат неговите реставрирани палати, величенствените цркви и фасцинантните замоци, а кога ќе падне ноќта забава побарајте во големиот број на негови клубови, барови и неверојатниот ноќен живот.

Духовна инспирација побарајте во градот Сантјаго ди Кампастеља, чија што импресивна катедрала претставува крај на патот на Св. Јаков, најпознатиот аџилак на средновековна Европа. Освен овие градови не пропуштите да ги посетите малечките места како што е Авеира, живописен град наречен „португалската Венеција“ потоа, Коимбре, интелектуалната престолнина на Португалија, па Синтра градот познат по величенственото зеленило и раскошните градини.

Како и да е нека Португалија стане дел од вашите туристички желби кои еден ден планирате да ги реализирате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *