Categories
Сцена & Муабети

Поради Шер, останал без музика

Соседите на Карл Виос од градот Грејг во јужен Велс, Англија, многу пати се жалеле на прегласната музика што допирала од неговиот стан, поради што судот на крајот донел одлука да се уништи неговата збирка ЦД-а и музичкиот столб.

Како што тврдат соседите, Виос (44) најчесто го слушал хитот на Шер, “Билив”, и тоа толку гласно што можеле сосема лесно да го разберат секој збор од таа песна.

На обожавателот на популарната американска пеачка му било упатено официјално предупредување со молба да престане со слушање на прегласна музика и да ги вознемирува соседите.

Откако на првото предупредување останало без ефект, набргу уследил судски налог во кој на Виос му се објаснува дека ќе му го конфискуваат комплетниот аудио материјал доколку продолжи со буката. Кога ниту ова не помогнало, судот донел одлука неговата збирка компакт дискови, како и музичкиот систем да се запленат и уништат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *