Categories
Сцена & Муабети

Концертот на Пол Макартни во Квебек, препосетен

Десетици илјади посетители бараа место на „Падините на Аврам“ за да присуствуваат на бесплатниот концерт на Пол Макартни.

Десетици илјади посетители бараа место на „Падините на Аврам“ за да присуствуваат на бесплатниот концерт на Пол Макартни.

Поранешниот член на Битлси се очекуваше да собере некаде околу 200 000 посетители на својот бесплатен концерт во Квебек. На концертот имаше посетители од Канада и САД. Макартни пристигнна на концертот во Квебек во Сабототата каде беше поздравен од стотини негови фанови, од кои многумина со часови чекаа, пред „Шато Фронтенак хотелот“, само за да го видат британскиот витез.

Долго очекуваното шоу, единствено на северноамериканско тло планирано за оваа година, беше малку „замрачено“, со сомневањата дали воопшто тој ќе се појави на прославата на роденденот на градот во кој се зборува Француски, а поради неговото англиско потекло.
Присуство на голема англиска личност буди болни спомени за националистите во Квебек пради инвазијата на британците на Нова Франција во 1760 година.
За Радио-Канада англискиот музички бард изјави дека е крајно време да се испуши луле на мирот и да се остават зад себе изфабрикуваните разлики за кои воопшто и нема никаква основа и дека е време за вистинско пријателство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *